--- --- РК Младост од Ресен е млад спортски колектив формиран во 2002 во кој членуваат млади на возраст од 7 до 18 години. Целта на формирањето на клубот е омасовување на спортот - ракометот во Ресен и Македонија, правилен психофизички развој на младите, меѓусебното дружење, нивно отргнување од улицата и пороците што таа ги носи (пушењето, алкохолот, дрогата и сл), како и нивно правилно насочување за да би утре станат примерни и корисни граѓани на општеството.
---
Една од главните цели на овој клуб е да се промовира ракометот и во исто време да го зголеми бројот на ракометни пријатели на РК Младост низ целиот свет. За оваа цел во 2006 година беше организирано првото издание на “Меѓународниот ракометен куп Младост-Ресен“. Второто издание на овј турнир кое беше одржано во 2007 година преставуваше најголем турнир од овој тип во овој дел на Европа со учество на 45 екипи од 10 држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Литванија, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина и Словенија) со 650 учесници. Третото издание на овј турнир кое беше одржано во 2008 година преставуваше еден од најдобрите турнири од овој тип во овој дел на Европа со учество на 30 екипи од 8 држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина и Словенија) со 400 учесници.
---После одличната организација на две изданија на овој турнир , оваа година ракометниот клуб Младост од Ресен го организира четвртото издание на големиот “Меѓународен ракометен куп Младост-Ресен 2009“ на кој турнир очекуваме учество на голем број на екипи од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Литванија, Хрватска, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија, Турција и други држави од Европа и Светот.
Za Resen
--Градот Ресен, се наоѓа во прекрасната Преспанска котлина на 200 км од главниот град Скопје, мегу два поголеми градови Битола и Охрид, на само 40 км од аеродромот во Охрид и на 25 км од железничката станица во Битола со извонредни патни врски и прекрасна местоположба на 10 км од брегот од Преспанското Езеро кое се наоѓа на 853 м. надморска височина.
Ресен се наоѓа на тромеѓе мегу три држави: Р. Македонија, Р. Грција (40 км одалечен од најблискиот граничен премин) и Р. Албанија (40 км одалечен од најблискиот граничен премин).
--
RK Mladost 2008 All Rights Reserved, design by: Kate Mikrut